Огради со вертикални профили со ракофат
Во примерот подолу се прикажани различните делови, што може да ги одберете:
Столпчиња
Постојат различни видови столпчиња. Овде може да ги видите трите стандардни видови на столпчиња. По барање, може да се обезбедат и други видови. Едноставно обратете ни се.
Во зависност од измерената должина на вашата ограда, растојанието помеѓу столпчињата изнесува помеѓу 1100 и 1400 mm. Висината се утврдува врз основа на вкупната висина на оградата и видот на монтажа.
Во зависност од ракофатот, плочата за прицврстување со радиус е свиткана или рамна. Во однос на плочата, ракофатот е малку закривен (закосен). Плочите за монтажа се определуваат врз основа на видот на столпчиња. Ве молиме наведете, ако имате потреба од полу-плочи (крајни столпчиња) поради недостаток на простор.
Хоризонтални профили
За горниот и долниот хоризонтален профил ги нудиме следните четири стандардни хоризонтални профили. Но, и во овој случај по барање може да се обезбедат и други профили.
Хоризонталните профили се заваруваат помеѓу столпчињата, а при поврзување на два елемента, тие се зашрафуваат на столпчињата со помош на плочи.
Растојанието помеѓу горниот и долниот профил стандардно изнесува 100 mm, а растојанието помеѓу долниот профил и подот изнесува 80 mm.
Вертикални профили (Шини)
Кај вертикалните профили нудиме четири различни стандардни профили. Други видови на челични профили или цевки може да се обезбедат без проблем. Едноставно побарајте.
Вертикалните профили се заваруваат помеѓу долниот и горниот хоризонтален профил. Растојанието се пресметува во зависност од растојанието помеѓу столпчињата и изнесува помеѓу 90 и 120 mm. Должината се утврдува врз основа на висината на оградата.
Ракофат
Кај ракофатите ги нудиме следните три стандардни варијанти. По барање, може да се обезбедат и други варијанти.
Цевките се испорачуваат во форма на 6-метарски прачки и ние ги сечеме и зашрафуваме на монтираната ограда, со цел должината да биде соодветно прилагодена на сите испакнатини и агли.
Аголна изведба
Варијанта 1
Горниот и долниот хоризонтален профил се изведуваат аголно под агол што вие ќе го побарате, и се зашрафуваат на следниот столб на плоча за прицврстување.
Оваа варијанта бара поголема прецизност при утврдувањето на димензиите, проектирањето и монтажата.
Варијанта 2
Оградата се прекинува на аголот. На столпчињата се монтираат полу-плочи, за двете столпчиња да не се удираат едно со друго. Кај оваа варијанта е можна толеранција до 50 mm.
Начини на прицврстување
Варијанта 1
Оградата се зашрафува врз бетонска плоча / парапет или врз друг материјал.
Висината на оградата изнесува најмалку 1000 mm од готовиот под.
Варијанта 2
Оградата се зашрафува челно на бетонската површина или на друг материјал.
Висината на оградата изнесува најмалку 1000 mm од готовиот под.
Варијанта 3
Оградата и во овој случај се зашрафува челно на бетонската површина или на друг материјал. Сепак, со растојание од 50 mm, за да се помине преку лимените конектори или слично.
Висината на оградата изнесува најмалку 1000 mm од готовиот под.
Површина/Боја
Нудиме различни начини за обработка на површината. За надворешна употреба безусловно препорачуваме топло поцинкување, за оградата да не кородира во случај на механички оштетувања.
За внатрешна употреба доволно е прашкасто боење на површината или пак површината може и воопшто да не се обработи.
Доколку по топлото поцинкување површината на оградата се обработува и со прашкасто боење, по поцинкувањето таа се пескари со прашок.
- Суров (необработен) челик
- Топлопоцинкуван челик
- Прашкасто обоен челик, бои според RAL палета
- Топлопоцинкуван и прашкасто обоен челик, бои според RAL палета
- По барање, достапно е прашкасто боење со NCS или IGP.
Ограда со нагиб
Ако оградата не може да се монтира хоризонтално поради постоење на нагиб, ние ќе ја прилагодиме оградата на аголот на нагибот. Профилите треба секогаш да се заваруваат вертикално, така што оградата ќе изгледа конзистентно. Затоа, потребно е да го наведете колку што е можно поточно аголот на нагибот.
Конзоли за саксии со цвеќиња за закачување
За прицврстување на саксии со цвеќиња нудиме држачи, кои може да се закачат на оградата. Тие се направени од хромиран челик.
Димензиите се прилагодуваат по желба.
Планирање
За процесот на производство ни се потребни точни технички цртежи кои вие можете да ни ги испратите.
Доколку немате технички цртежи и не соработувате со градежно или архитектонско биро, тоа не е никаков проблем. Едноставно испратете ни ги димензиите и нашето професионално биро за планирање ќе ги изготви техничките цртежи потребни за да може да се почне со производството.