Внатрешни Скали
Скалите може да бидат суштински елемент во ентериерот на вашиот стан. Постојат различни можности за изведба, како на пример скали со бочни греди, спирални скали, скали со средишна греда или скали со две странични греди.
Слободно може да го одберете видот на градежните материјали и нивните премази. Газиштето на скалите може да биде изработено од стакло, метал, рифлован лим, камен и дрво или други материјали.